Митови за конзервираната храна

Кои се предностите на конзервираните намирници и кои уврежани мислења сепак спаѓаат во митовите.

Консумирањето на одредени видови на храна не мора да зависи од сезоната. Благодарение на конзервираната и замрзнатата храна, повеќе не е невообичаено да се јаде пченка во текот на целата година!

Сепак, постојат малку познати факти за храната која е обработена на овој начин, поради што владее загриженост во однос на нивниот состав и хранлива вредност.

Мит 1: Замрзнатата и конзервираната храна не е со добар квалитет.

Конзервираната храна овозможува консумирање на одредени групи на намирници надвор од нивната сезона, а процесите со кои храната се доведува во оваа состојба ги прави да бидат многу слични на свежите намирници. Освен тоа, бројни студии покажаа дека не само што на оваа храна не и недостига квалитет и хранливи материи, конзервираната храна понекогаш е и поздрава за консумирање од свежата. Со употреба на физички методи на пастеризација, храната се конзервира со физички и хемиски методи, при што со самата пастеризација доаѓа до уништување на микроорганизмите кои се штетни по здравјето. Оваа обработка го задржува вкусот на храната, како и витаминот Ц. Замрзнувањето го запира размножувањето на микроорганизмите, а со сушење се успорува процесот на нивното делување. Од друга страна, тука се и хемиските методи, кои го спречуваат влијанието на бактериите или целосно ги уништуваат, но и биолошките методи.

Мит 2: Со преработка на храната таа ги губи хранливите состојки.

Преработените производи, сметаат експертите, содржат исто количество на витамини и минерали како и свежата храна, па дури ги имаат и во поголем износ поради употребата на исклучиво најдобрите овошја кои се во врвот на зрелоста и тоа многу брзо после бербата, благодарение на што тие не губат или пак губат многу малку од хранливата вредност. Ист е случајот и со замрзнатиот зеленчук, кој е обработен само неколку часови после бербата, па така, овие намирници содржат важни нутритивни елементи, како што се витамини, минерали, растителни влакна, бета каротен, флавоноиди, итн.

Мит 3: Свежата храна е секогаш подобра.

Ако сте се одлучиле за конзервирана риба или конзервирани домати наместо свежи – не сте погрешиле. Благодарение на начинот на обработка на овие намирници, конзервираните домати, на пример, содржат и до четириесет проценти повеќе антиоксиданси и ликопен отколку свежите.