Митот за орелот е стар исто колку и оваа моќна птица: Мудроста не’ ослободува од минатото!

Митот за орелот не’ потсеќа дека само ако се ослободиме од товарот на минатото и ако добиеме сила со вербата во подобро утре можеме во потполност да уживаме во сегашноста.

Митот за орелот е стар речиси исто колку и оваа моќна птица. Секогаш се пренесувала од колено на колено за симболично да се објасни созревањето на човекот.

Во тоа време човекот живеел во многу поголема хармонија со природата, а растењето, животот и смртта си ги објаснувал само преку митови и легенди. Според овој мит, орелот, таа моќна птица, живее речиси исто колку и човеко, но само ако го пројде патот на болното умирање и повторно раѓање. Не е нешто многу поразлично и со човекот.

Зрелоста се учи

Некаде во четириесеттите години, ако не и претходно, и орелот и човекот одлучуваат по кој пат да тргнат, кон прерана смрт или кон друг живот каков Бог замислил за нив. Орелот има најдолг животен век помеѓу птиците. Може да доживее и 70 години. Меѓутоа за да доживее 70 години, орелот мора да донесе тешка одлука. 

Кога ќе наполни 40, неговите долги и еластични канџи не можат повеќе да го ловат пленот кој му служи за храна. Неговиот добар и остар клун се витка. Неговите стари и тешки крила му се лепат за градите и не може толку да лета. Тогаш на орелот му преостануваат два избора: или да умре или да помине низ болен процес на промени кој трае 150 дена.

Време е за емоционална зрелост

Тој процес бара од орелот да одлета на врвот на планината и да седне во гнездото. Тука орелот удира со својот клун во карпата се додека клунот не отпадне. Откако ќе падне клунот, орелот чека да израсне нов клун, а откако ќе израсне, тој со новиот клун ги отстранува старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги остранува своите тешки и стари перја. 

И по 5 месеци, орелот полетува во лет на повторно раѓање и живее уште 30 години. Митот за орелот зборува за промените кои се случуваат кај секој од нас во одредено животно доба. Во животот, за да преживееме, често мораме да започнуваме процес на промени.

Сатурнов циклус на созревање

Би требало да се решиме од некои чувства, штетни навики, лоша околина... Единствено ослободени од товарот на минатото и зајакнати со вербата во подобро можеме да ја искористиме сегашноста.