Митева: ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат платите на функционерите

-600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите, порача денеска на прес-конференција марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. 

-ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите. Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот, додава таа.