
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека во паркот на булевар „Февруарски Поход“ засадиле нови дрвја и дека запуштената локација денес е претворена во убаво уредено зелено катче.
„Го шириме зеленото срце на Аеродром! Запуштената локација денес е претворена во убаво уредено зелено катче - ново место каде што природата повторно оживува. Во паркот на бул. „Февруарски Поход“ засадивме нови дрвја и отворивме ново поглавје во иницијативата „Растеме заедно“, заедно со нашите партнери и општествено-одговорна компанија“, истакна Митески.
Со стотици нови висококвалитетни садници низ целата општина, вели дека ќе продолжат со силно темпо да го прават Аеродром позелен и поубав.
„Ова не е само акција - ова е заедничка мисија за почист, похуман и позелен град. Секоја садница е инвестиција во иднината за генерациите што доаѓаат“, порача Митески.