Митески најави проект за топлификациона мрежа во Аеродром, ќе се реши и проблемот со загадувањето

Градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за уште еден мандат Дејан Митески денеска од Лисиче го најави проектот за нова топлификациона мрежа. 

- Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно Лисиче, Горно Лисиче и населба Лисиче. Решаваме еден децениски проблем, проблем којшто не значи само затоплување на домаќинствата, туку и намалување на загадувањето на воздухот во зимскиот период. Градиме инфраструктура согласно потребите на граѓаните, порача Митески од терен.