Мит или вистина: Витаминот Ц спречува и лекува настинки

Со првите симптоми на настинката, спасот главно го бараме во цитрусите бидејќи витаминот Ц е одлична прва помош. Но дали е навистина така?

Витаминот Ц помага да се подобри циркулацијата на местата на инфекцијата и со тоа му помага на организмот полесно да се избори со настинката. Но важно е да се напомене дека е многу поефикасно да се внесува витамин Ц од природни извори (овошје и зеленчук) бидејќи така организмот најдобро ќе го прифати. Инаку, митот за витаминот Ц, како најголем борец против настинката, настанал уште во далечните 60-ти и 70-ти години на минатиот век, кога научникот Линус Карл Паулинг открил дека големите дози од витамин Ц што ги внесувал во организмот наводно го спречиле за повеќе години по ред да не настинува воопшто. Тој објавил и книга во врска со тоа негово тврдење, која набрзо станала бестселер и оттогаш важи оваа препорака за лек против настинка. Оваа препорака е сè уште општо прифатена, иако во меѓувреме многу истражувања ги негираа неговите тврдења.

Според Националниот институт за здравје, дневната доза од витамин Ц од минимално 200 милиграми не го намалува ризикот од настинка, а прекумерниот внeс од овој витамин може да предизвика проблеми во вид на мачнини, дијареjа и болки во стомакот.

Тогаш за што е добар витаминот Ц?

Иако нема да ве заштити од настинки, витаминот Ц ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. За пушачите и за повозрасните лица, на кои им недостига овој витамин во организмот, консумирањето на овошје и зеленчук се подразбира. Сепак, докажано е дека позитивниот ефект се забележува само ако овој витамин се зема превентивно. Во секој случај, истражувачите сè уште немаат доказ за тоа дали витаминот Ц навистина помага во борбата против настинките.