Мистериозен мирис на плин во неколку домови во Бутел

Неколку семејства од скопската населба Бутел со денови не можат нормално да функционираат во своите домови.

Во нивните куќи се шири продорен мирис на плин од кој не можат да дишат.

Приказната за Сител ја раскажа Елена Михајловска која вели дека освен што не може да живее, стравува и за здравјето и безбедноста за себе и за својата ќерка. 

Мирисот се шири преку кујната и тоалетот, а за да го спречат ширењето цевките ги покриваат со мокри крпи, а чешмите постојано течат. Миризбата на плин се чувствува во неколку соседни куќи.

Побарале помош од сите служби.

Иако излегле на терен екипи од сите служби задолжени за помош и грижа на граѓаните, останува нејасно зошто и од каде доаѓа мирисот на плин, но и дали и колку е опасно за здравјето на граѓаните.