Мисли од Руми кои ќе ве потсетат на се она што сте го заборавиле за животот и љубовта!

Поемите на Руми секогаш се сметаат за едни од најинспиративните и најпрекрасните! Тој можеби живеел во 13-тиот век, но неговите вистини се безвременски. Денес издвоивме неколку прекрасни стихови од неговите поеми. Се надеваме дека некои од нив ќе го допрат вашето срце и ќе ве потсетат дека сите имаме прекрасни души.

1 . „Месечината свети кога не ја избегнува ноќта.“
2. „Она што го бараш, истовремено те бара и тебе.“
3. „Дозволи убавината на тоа што го сакаш да биде убавината на тоа што го правиш.“
4. „Постои глас кој не користи зборови. Слушај.“
5. „Вчера бев паметен, па сакав да го сменам светот. Денес сум мудар и сакам да се сменам себеси.“
6. „Ова е твојот пат и само твој. Другите можеби ќе одат по него со тебе, но никој не може да го изоди наместо тебе.“
7. „Кога ќе почнеш да одиш по патот, патот ќе се појави пред тебе.“
8. „Уметноста на знаењето е да знаеш што да игнорираш.“
9. „Ти немаш душа. Ти си душа. Ти имаш тело.“
10. „Престани да се однесуваш како да си мал. Ти си универзумот во екстатично движење.“
11. „Одговори на секој повик кој го возбудува твојот дух.“
12. „Единствената убавина која трае е убавината на срцето.“
13. „Барав во храмови, цркви и џамии, но го најдов божественото во моето срце.“
14. „Кога ќе се ослободиш од тоа што си, ќе станеш тоа што можеш да бидеш.“
15. „Ти си роден со крилја, зошто сакаш да ползиш низ животот.“
16. „Ти не си капка во океанот. Ти си цел океан во една капка.“
17. „Ако се сакам себеси, те сакам и тебе.“
18. „Ако те сакам тебе, се сакам и себеси.“
19. „Мојата душа е од некое друго место. Сигурен сум во тоа и планирам да завршам таму.“

 

 

nike air max 1 sale