Мисли од Чарлс Буковски во кои ќе се пронајдете

Чарлс Буковски е роден во 1920. година во Германија, но по втората година од неговиот живот, неговите родители одлучиле да се преселат во Лос Анџелес, каде тој поминал најголем дел од неговиот живот. Условите во кои тој пораснал, односно економската ситуација, строгото воспитување, како и проблемите кои ги имал за време на адолесцентскиот период, оставиле длабока трага на него.

Дел од читателите го нарекуваат за силен, директен и вулгарен, додека пак за други е писател на вистинита. До 60-тите години живеел како алкохоличар, бездомник и скитник. Но, потоа неговата кариера доживеала голем сјај и станал многу успешен. 

Често пишувал за љубовта, жените и чувствата, и често велел „ Јас стварно немам љубов во себе, но и да имам, не постои никој кој ја заслужува“.

Тој не им простувал лесно и на жените и  често велел дека никогаш нема да им прости што влегуваат во моќни спортски автомобили со насмеаните татини синови.  

За скршените срца тој вели „ најди нешто што сакаш и дозволи тоа да те убие“. Ова е една од најомилените реченици на оние со скршено срце, а тој многу пати почувствувал што значи да се биде „убиен“. 

Додека пак, за љубовта тој вели дека е бајка за будали

Не е смртта тоа што е ужасно, туку животот кој го живеат луѓето и не го живеат до својата смрт. Тие не ги почитуваат своите животи. Лошо изгледаат, лошо зборуваат, лошо одат. Пуштете им убава музика и тие нема да ја слушнат.  Ова се неговите погледи на животот, со што тој вели дека дадениот живот треба да се искористи на најдобар можен начин.

За смртта и животот вели „смртта не е ништо, животот е тоа што е тешко“.

За постојаната борба во животот, Буковски вели „Понекогаш ќе се разбудиш наутро и мислиш дека нема да можеш да станеш од креветот, но потоа се смееш одвнатре, сеќавајќи се колку пати си успеал. “