Мисли кои ќе ви помогнат во периодите кога се чувствувате загубено и заглавено...

Животот е прекраток за да се чувствуваме тажни, немоќни, заглавени и загубени. Но, понекогаш тоа ни се случува на сите. Дури и на оние кои се најсилни. Но, кога ќе паднеме во таков период треба да се потсетиме дека тоа е само привремено. Вистината е дека сите имаме среќа да имаме избор во животот, само треба да бидеме доволно храбри за да ги направиме.

Следниот пат кога ќе бидете во такво расположение, извадете ја оваа моќна листа од мисли за изборот. Тие нема да ве разочараат!

1. „Биди мизерен. Или мотивирај се. Што и да треба да се направи, тоа секогаш е твој избор.“ – Вејн Дајер
2. „Постојат два главни избори во животот: да се прифатат околностите такви какви што се или да се прифати одговоноста да се променат.“ – Денис Вејтли
3. „Судбината не е прашање на среќа, таа е прашање на избор. Таа не е нешто што треба да се чека, таа е нешто што треба да се исполни.“ – Вилијам Џенингс Брајан
4. „Кога правиш избор, ти ја менуваш иднината.“ – Дипак Чопра
5. „Она што луѓето го имаат е можноста да избираат и можноста да се менуваат.“ – Медлин Олбрајт
6. „Ништо во животот, вклучувајќи ги нашите околности и потенцијал, не е фиксирано. Реалноста може да се обликува според нашата волја.“ – Брендон Бурхард
7. „ Изборите можеби се неверојатно тешки, но тие не се невозможни. Да кажеш дека немаш избор е да се ослободиш себеси од одговорност, а така не се однесува човек со интегритет.“ – Патрик Нес
8. „Духот на човекот се создава од неговите избори.“ – Ирвин Д. Јалом
9. „Ако го ограничиш твојот избор само на тоа што изгледа возможно или рационално, ти се исклучуваш себеси од она што навистина го сакаш и се што останува е само компромисот.“ – Роберт Фриц
10. „Постојат две насоки од кои еден човек може да избере во животот: едната е онаа со која сме родени, а другата е онаа којашто свесно ја бираме. Едната е природно точна, додека пак другата е перцептивна илузија. Изберете мудро.“ – Т.Ф. Хоџ