Мислам дека престанав да те сакам...

И тоа се случува. 

Мислам дека престанав да те сакам кога престана да ме слушаш. 

Тогаш кога она што беше наше стана мое и твое. 

Тогаш кога не дојде. 

Тогаш кога сѐ друго беше поважно. 

Кога твоите очи повеќе блескаа додека гледаше во телефонот отколку во мене.

Кога заборави да ме бакнуваш за добра ноќ.

Кога не те интересираше како поминало, како ќе биде и како сакам да биде.

Кога не сакаше да се менуваш, затоа што „едноставно си таков“. 

Кога нашите расправии почнаа да се вртат околу пари. 

Кога почна да се однесуваш како да си само цимер во нашиот дом. 

Кога повеќе немав чувство дека ме инспирираш, мотивираш, туркаш напред.

Кога сексот стана обврска. 

Кога почнав да размислувам за други затоа што имав премногу простор во главата.

Кога почнав да се радувам на твоето отсуство. 

Кога престанав да споделувам со тебе – и лошо и добро.

Кога повеќе немаше разговори, само расправии.

Кога креветот стана поладен.

Кога престанавме да се запознаваме. 

Мислам дека, ете некако, престанав да те сакам...