Мисајловски се сретна со Дејвид Бејкер, заменик-помошник секретар во Пентагон - отворени билатералните македонско-американски одбранбени консултации

Денес во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, сподели во објава на Фејсбук, министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Американската делегација беше предводена од заменик-помошник секретар во Пентагон Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор Никол Варнс.

„Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и кон унапредување на одбранбената соработка преку нови иницијативи и инвестиции. Нашето партнерство се темели на меѓусебна доверба и силна соработка, кои се клучни за справување со современите безбедносни предизвици“, истакна Мисајловски.

Тој воедно упати благодарност до САД за континуираната поддршка и порача дека заеднички ќе продолжат да инвестираат во стабилноста, безбедноста и сигурна иднина.