Министерот за обрана, Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце каде пред 17 години загинаа 11 припадници на Армијата. Министерот Мисајловски порача дека нивното херојско дело и споменот не треба да се заборават.
„Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата и на нивните семејства. Да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело, за мирот и безбедноста.
Во спомен на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Александар Тасковски, Мики Ивановски, Александар Васиќ, Златко Вељаноски. Нека им е вечна слава!“, кажа Мисајловски.