
Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа, изјави денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Штип, каде изврши увид во касарната „Јане Сандански“ на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава.
„Во Гостивар ќе останеме како Армија, за давање дополнителна техничка вода, нашите капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање насекаде, цистерни и различни видови на опрема. И ќе бидеме постојано таму, иако веќе техничка вода има. Но, во зависност од потребата на Управувачкиот комитет, на секој еден граѓанин во Гостивар, Армијата ќе остане таму, нема лимит. Додека сме потребни таму ќе бидеме“, истакна министерот.
Дали ќе се користи капацитетот на Армијата доволно или не, како што реше Мисајловски, во овој момент можеби тоа е второ прашање.
„Прво прашање е дека Армијата таму останува да помогне“, додаде тој.