Миркуловски се огласи и испрати порака до раководството на Металург (ФОТО)

Откако Металург вчера потпиша договор со Давид Шпилер и му го додели дресот со број 13 кој го носеше Филип Миркуловски, со своја реакција се јави и македонскиот репрезентативен среден бек.

По само неколку месеци, Металург повторно ја „активира“ 13-ката и брзо го заборави Фичо, а на сѐ тој реагираше со ироничен коментар на социјалната мрежа „Фејсбук“.

-Ја дадоа 13-ката, сега се на ред изгледа парите да ни ги дадат“, гласи коментарот на Миркуловски, до кој означени се и имињата на македонските репрезентативци Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Ацо Јоноски.