Мириса на пролет - убавото време ги раздвижи скопјани

Почеток на месец февруари, а надвор веќе мириса на пролет. 

Сончевите зраци и надежата дека лошата година е зад нас, а убавите мигови допрва претстојат ги раздвижија граѓаните низ Градскиот плоштад, кафулињата и парковите.

Доколку внимателно се загледате во лицата на оние со кои се разминувате веднаш ќе забележите дека како никогаш до сега луѓето се уморни од нешта кои ги растажија и вистински се надевааат дека сончевите зраци ќе дадат нова топлина во нивното секојдневие.

Детските насмевки и радоста на навидум секојдневни нешта ги потсетија дека убавината е во малите нешта за кои уште повеќе станавме во изминативе месеци во битката со Ковид 19.