Градскиот парк е едно од најубавите места кои не смеете да ги одминете или да не ги посетитете во пролет.
Таму се сите љубовни воздишки на градот, многу насмевки, забави и дишење со полни гради, малку подалеку од метежот и брзото темпо на улиците.
Прекрасен е да се посети во секое годишно време, но посебен е во пролет.
Вo пролетта е посебно доживување. Кога сета природа се буди, се расцветуваат дрвјата, се раззеленува тревата, магијата на Градски парк целосно ве обзема.
Фотографиите не се доволни за да го доживеете, но може да ве поттикнат да ја испланирате вашата следно прошетка.