
Пријатни надворешни температури преку ден ќе имаме овој викенд.
Утрото е студено со минимални температури од -3 до 6 степени. По одделни котлини има појава на магла.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината можна е утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 15 степени.