Мирен протест на „Водњанска“: Стоп за урбаната мафија на Водно

Утре со почеток од 12 часот на раскрсницата над училиштето „Кочо Рацин“ ќе се одржи мирен протест против урбаната мафија која го узурпира Водно.

Протестот го организира неформалното здружение "Стоп за урбаната мафија на Водно " по повод сечата на 20-тина дрва од паркот дрвја кој беше на оваа локација и градењето на спорната голема градба поради која е направена длабока ископина коjа може да предизвика свлечиште.

Во соопштението тие информираат дека против градењето на овој огромен објект во заштитениот појас на Горно Водно, спротивно на сите градежни стандарди соседите е потпишана петиција и истата е доставена до општина Центар.

Со петицијата тие бараат итно стопирање на сечата на дрвјата и девстирање на овој простор со спорен објект.

Но сечата не е спречена а градењето продолжува со несмалена жестина, велат тие во соопштението до јавноста.