Минусни температури утрово во пола од државата - најстудено во Берово со -6 степени

Утрово во Македонија, најниската температура од -6 степени била измерена во Берово, додека -3 степени биле регистрирани во Битола.

Во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Струмица, Маврови Анови и на Попова Шапка се измерени -2 степени.

Температура од -1 степен е измерена во Тетово, Прилеп, Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека 0 степени се регистрирани во Скопје – Зајчев Рид, Куманово и Крушево. Во Штип, Охрид и Кавадарци утринската температура изнесувала 1 степен, а највисока минимална температура од 2 степени е измерена во Виница.

Снежна покривка утрово има на Попова Шапка, каде се измерени 63 сантиметри снег.

Според најавите, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.