Министерството за здравство апелира да се вакцинираат и учениците пред стартот на второто полугодие

„Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

Има доволно количини од МРП вакцините. Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерството за здравство.