Министерството за спорт организираше прием за македонските атлети и за делегацијата од Специјална Олимпијада на Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за спорт организираше прием  за македонските атлети и за делегацијата од Специјална Олимпијада на Македонија пред нивниот настап на Специјални Олимписки Светски Зимски Игри - Торино 2025, кои ќе се одржат од 7 до 16 март 2025 година.

 Македонската делегација, составена од талентирани атлети, тренери и официјални лица, ќе ја претставува Македонија на ова големо спортско натпреварување кое ќе собере над 1.500 атлети од 102 земји низ светот.

 Ристовски им посака успешен настап на македонските атлети на овој глобален спортски настан и изрази безрезервна поддршка.