Министерство за здравство: Се организира превоз за момчето со изгореници

Се организира превоз за момчето со изгореници и се прават напори во најбрзо можно време да биде пренесено на лекување во странство, соопшто Министерството за здравство.

На социјалните мрежи се бараше помош за момчето кое вчера настрада од струен удар на железничката станица во скопско Трубарево. Момчето се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје. Според апелот потребен е хеликоптер кој ќе го пренесе момчето до Словенија.

Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство. Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита. Со дополнителни информации ќе излеземе за краток временски период. Замолуваме да не се шират дезинформации, соопштија од Министерството за здравство.