Министерство за здравство: Морбилите може да се спречат со вакцина

Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. 

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување, стои во соопштението.

Министерството додава дека вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.