МИНИСТЕРСКО МЕНИ: Владата ќе купува месо за 40 илјади евра

Службата за општи и заеднички работи на Владата објавува оглас за доделување на договор за јавна набавка на свежо месо за вредност од 2.400 000 милиони денари, односно 40.000 евра.

Како што стои во објавата на Електрoнскиот систем за јавни набавки се купува секаков вид на свежо месо, јунешко, телешко, свинско, прасечко, јагнешко и јарешко.

Договорот што ќе биде склучен ќе се однесува на период од една година.