Министерот за здравство ја вакцинираше внуката Илина

Министерот за здравство Венко Филипче објави на Фејсбук дека ја вакцинираше внуката Илина во обид да ја охрабри македонската јавност и особено скептиците и конспираторите против имунизацијата.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов.
Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.