Министерот Томас: Возбуден сум што бизнисите на двете држави ќе работат заедно кон испорачување на важни проекти во Македонија

Во Лондон, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и бритнаскиот министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Герет Томас ставија потпис на договорот Влада со Влада.

„Навистина е задоволство да бидеме домаќини на вицепремиерот Николоски тука во Лондон, како и на големата делегација составена од други министри и претставници од кабинетите, за потпишувањето на нашето меѓувладино партнерство', изјави Гарет Томас.

Тој додаде дека Обединетото Кралство и Македонија имаат навистина силни билатерални односи како сојузници во НАТО и ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу двете држави.

„Навистина сум возбуден што македонските и британските бизниси ќе работат заедно за да можат да испорачаат важни инфраструктурни проекти во Македонија. Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е и новата железница, со што ќе се намали и времето на патување и за луѓето и за стоките. Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека тоа е наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е поддршка за таквата испорака, за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите практики меѓу нашите две нации, и секако односот меѓу нас да дојде на едно ново ниво”- истакна министерот за трговија и извоз на Обединетото Кралство.