Министерот Спасовски се сретна со британската амбасадорка во нашата земја, Галовеј

 Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговарало за поддршката која Амбасадата на Обединетото Кралство безрезервно ја дава на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, при што била нагласена важноста од успешно спроведување на Берлинскиот процес, што е од голема важност за справувањето со сите форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста во регионот.

Како што соопштија од МВР, на средбата биле потврдени заедничките заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на полето на одржување на безбедноста.