Министерот за локална самоуправа Златко Перински со апел до граѓаните да ги споделуваат своите проблеми преку spodeli@mls.gov.mk со цел заеднички да се дојде до решение.
- Вашите проблеми се и мои. Ветив и продолжувам преку spodeli@mls.gov.mk директно да комуницирам со вас да се обидеме заеднички да ги надминеме предизвиците со кои се соочувате. Нерешени ситуации со имотно-правни односи, неиздадени решенија за данок на имот, повеќемесечни проблеми со водоводната мрежа, се само дел од проблемите кои ги споделивте со мене во изминатиот период и за кои веќе посредувам кај надлежните институции да најдеме решение за нив, сподели министерот на својот официјален фејсбук профил.
- Ме радуваат и неколкуте сугестии кои ми ги испративте во насока за пофункционална локална самоуправа, а кои веќе ги разгледуваме во започнатиот процес на менување на соодветниот закон. Ве охрабрувам и натаму да ми пишувате. Отворен сум за соработка со вас. Вие сте нашите партнери и заедно можеме да создадеме подобро општество, додава Перински.