
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска најави бесплатни Wi-Fi зони во Ѓорче Петров.
„Со градоначалникот Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојановски го најавивме проектот за бесплатни WI-FI зони каде граѓаните ќе имаат пристап до бесплатен интернет. Првата таква во паркот Ѓорче Петров, вели Андоновски во својата Фејсбук објаба.
Тој посочи дека нивната заложба како министерство е да овозможат на граѓаните да имаат пристап до интернет во секој дел од државата.
„Вложуваме во дигиталната инфраструктура. За идните генерации да бидат дигитално писмени и информирани“, порача Андоновски.