Министерката Царовска со синот ги хранеше жирафите во скопската Зоолошка градина (фото)

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ја поддржа кампањата „За здрави и среќни животни“. Таа со својот син дојде во посета на скопската Зоолошка и ги нахрани жирафите.

Апелираше посетителите да не даваат храна која е штетна по здравјето на ЗОО милениците. Животните во Зоолошка градина Скопје јадат храна по специјално подготвени нутритивни таблички кои се различни за секое животно, а секоја храна надвор од табличката преставува опасност за нивната благосостојба.

По оваа средба се јави и соработка помеѓу Зоолошка градина Скопје и Министерството за труд и социјална политика за спроведување на заеднички успешни проекти во иднина.