Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари, најави Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари.

- Се прават последните пресметки. Според законот секоја година ќе има ново усогласување, а оваа година мислам дека зголемувањето ќе биде 12,55 отсто, односно платата од март ќе биде 20.175 денари. Соодветно на тоа, ќе биде зголемена и бруто минималната плата, кажа Битиќи.

На почетокот на февруари и министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на платата.