Минималецот од 18.000 денари „пречекан“ со пофалби, негодувања и смешки

И официјално од март годинава околу 80.000 работниците ќе добиваат плата од минимум 18.000 денари.

Оваа одлука вчера беше соопштена по средбата во владата каде низ дијалог владини претставници и претставници од Сојузот на синдикати на Македонија дојдоа до заедничка одлука.

-Оваа Влада има разбирање и за работниците и за работодавачите. Ветивме и реализиравме зголемување на минималната плата од 18.000 денари и директно го подобруваме животниот стандард на граѓаните, на работниците. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, ефикасно и посветено работиме на решенија кои значат поддршката на граѓаните и економски раст и развој, соопшти по средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Сепак, граѓаните негодуваат. Велат не може секоја недела да има поскапувања, а надлежните да се фалат со минимално покачување на платата, за кое велат дека требало да се случи одамна.

-Минималната плата стигна колку два три бифтеци на функционери.

-Одма е подруго коа со 18.000 денари можеш да купиш 78 кила краставици...

-Цени изгор- европски за кои реално се потребни плати од 2.000 евра, а „задоволните робови“ се радуваат на 300 евра плата. Во најголема криза имаме поскапување на храната, струјата, горивата...Ајде ракоплескајте уште посилно...

-Тие 50 евра нема што многу да сменат. За што попрво да се трошат, кога веќе се одамна потрошени. Цените во маркетите, сметките, како овој јануари што скокнаа, одамна не паметам така да било. Ова со минималецот е чист популизам, смета еден скопјанец.

Друг момент околу кој граѓаните реагираат е дека субвенционирањето на минимаецот ќе биде на товар на народниот Буџет.

-Пак ќе го грицкате буџетот!.... а за тоа после ќе земате кредити.... Наместо да потпомагате реален сектор кој ќе произведува вредност! и Наместо да ги намалите неработниците кои со години земаат плата, а седат дома или спијат на работно место!!! Почнувајќи од ЧЛЕНОВИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИОТ СОСТАВ и ВЛАДИНИОТ ЕШАЛОН ... а да не зборуваме за НО, советничиња и слична бУранија ....

- А за малите бизниси што едвај се одржуваат дали ќе имаме некоја помош од државата??!!