Мини-населба ќе се гради помеѓу Горно Лисиче и старо Вардариште

Моментно работиме на детален урбанистички план во Горно Лисиче во опфатот кај старо Вардариште, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

Во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 истакна дека во тој дел се планира мини-населба.

-Таму планираме амбуланта, училиште, градинка и дваесетина објекти од по три ката, посочи Коневски.

Градоначалникот истакна дека тој дел од Општината треба да се урбанизира и да се шири, бидејќи како што вели, градежните зони во делот кој е веќе урбанизиран е целосно опфатен.