Мини концерт на музичари од регионот на фејсбук

Група музичари од регионот, Европа и Америка преку фејсбук профилот на магионичарот и вокалист, Гого Реквием денеска од 19:30 часот ќе одржат мини концерт насловен „Од пријател до пријател“.

Иницијативата ја покрена вокалот на групата  Реквием, Гого Георги Гавровски, а како што наведува тој во соопштение, целта е на публиката ширум Балканот и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба, и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика.

На фејсбук профилот на Реквием ќе има линк за следење на концертот.

-И покрај настанатата ситуација со корорнавирусот, група музичари од регионот реши да направи нешто несекојдневно. Денеска сите заинтересирани ќе имаат можност да го видат мини концертот на голема група музичари од целиот регион,Европа и Америка на интернет и тоа преку фејсбук. Песните се свираат онлајн,а потоа сите отсвирени мелодии и испеани вокали ги ремиксира и синхронизира Гого Реквием, се наведува во соопштение на Реквием.

Тој посочува дека во пресрет им излегоа колеги од земјава, но и од регионот Хрватска, Босна, Србија. Имаат гостин од Германија и од Америка.

-Меѓу нашите музичари прв излезе во пресрет Петар Младеновски, повеќе познат како Пеце Суперхикс.

Тука е и Урош Вељковиќ, тапанарот на Стил Темпл, Жарко Јакимоски, вокалот на групата Бекдор. Нашата публика ќе има можност да слушне многу познати екс ју и странски хитови отсвирени и отпеани во живо преку интернетво акустичен стил, наведува организаторот.