Минерал што го регулира шеќерот

За превенција од појава на дијабетес клучна улога има хромот, кој организмот не го создава туку мора да се внесе преку храната.

Овој минерал го регулира нивото на шеќерот во крвта, а кај пациентите кои се на инсулин може да ја намали потребата за лекови и инсулин.

Кај лицата со гранични вредности на шеќер во крвта може да спречи да станат зависни од инсулин, а кај оние на кои паднал нивото на шеќер, им помага да се врати на нормално ниво.

Хромот се наоѓа во броколите, месото, пивскиот квасец и пивото, виното, јачменот, пченичните снегулки. Го има и во морските плодови, јаткастите плодови (бадеми, лешници, ореви) и во печурките.

Утврдено е, на пример, дека шолја броколи содржи 22 микрограма хром, односно пет пати повеќе од кој било друг производ.

Препорачани дневни дози се од 50 до 200 мг. За ова треба да водите сметка, бидејќи доколку се претера може да предизвика токсичност.