Минерал кој ќе ви помогне подобро да спиете во текот на ноќта

Сонот е клучен за нашето општо здравје, но тој претставува проблем за некои од нас.

Photo by Karolina Grabowska:

За среќа, постојат методи како можеме да си помогнеме и да спиеме подобро во текот на ноќта. Една од важните состојки е магнезиумот. 

Зошто е тој добар за спиењето?

Истражувањата покажуваат дека магнезиумот придонесува за регулација на нашиот деноноќен ритам, односно ни помага да добиеме енергија во текот на денот, а полесно да заспиеме во текот на ноќта. Но, како да внесуваме повеќе магнезиум?

Семиња и јаткасти плодови

Тие се богати со магнезиум, а тука спаѓаат семките од тиква, индиските ореви и сончогледот. Нивното грицкање пред спиењето може да ви помогне подобро да заспиете. 

Суплемент 

Ако не сте голем љубител на семињата и овие плодови, тогаш се препорачува земање на суплемент. Тој треба да се зема 1-2 часа пред спиењето, за да може соодветно да придонесе за регулација на нашиот сон. 

Банана

Бананите се уште еден здрав предлог кој ќе ви помогне да го добиете потребното количество магнезиум, но и калиум. Двата минерали придонесуваат за релаксација, а бонус би бил путерот од јаткасти плодови за повеќе магнезиум.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи одлично количество магнезиум. Половина чоколада содржи дури 15% од дневно препорачаната доза за жените  и 20% за мажите. Но, не претерувајте со оваа опција, бидејќи темното чоколадо често содржи и кофеин.