Минатата недела над 3500 граѓани ја користеле жичарницата на Водно

Во периодот од 10 до 17 февруари жичницата од врв на Водно ја користеле 3542 граѓани, додека од нив 2590 граѓани за време на викендот. Ова говори дека е голем интересот на скопјани за возење со жичарницата од нејзиното реактивирање.

Жичарницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември до март жичарницата работи секој ден, освен понеделник и последниот вторник во месецот од 10 до 17 часот, кога е затворена поради сервисирање. 

За возење во жиарчницата важат протоколите за заштита од Ковид 19, во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.

За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче, куче со мал/среден раст, а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со попреченост.  

До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии, бројот 25 од Транспортен центар до Средно Водно сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А од Автомакедонија до Средно Водно и 25Б од Дом на печат до Средно Водно, кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на jsp.com.mk интернет  страницата на ЈСП Скопје.