Минатата година околу 100 родители не ја исполниле обврска за вакцинација на своите деца

Лани околу 100 родители не ја исполниле оваа обврска. Дел од нив се упатени на суд, а дел веднаш ја платиле казната која се движи од 300 до 650 евра, бидејќи така предвидува актуелната законска регулатива.

Минатата година во Македонија биле вакцинирани 130.000 деца, а процентот на компликации бил како во сите земји во светот. Но фактите говорат дека Македонија од земја која пред некоја година имаше 98 процентна опфатеност, под притисок на јавноста, особено на социјалните мрежи, имунизацијата во урбаните средини драстично опадна дури и под 90% и не вброи во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести.

ДЗС потврдува дека во Скопје, Прилеп и Куманово опфатот на имунизација е под 90 проценти, а во некои скопски општини вакцинирањето со МРП е под 60 проценти.

Изминативе години здравствените власти во континуитет апелираа дека вакцинирањето значи заштита на сопствените деца од заразни болести и затоа апелираат да има задолжителна редовна имунизација. Истовремено неопходна е потврда за примени вакцини при упис во градинка и училиште.

Досега во земјава најголем отпор кај родителите има за вакцинација со МРП- морбили, рубеола и паротид, бидејќи на социјалните мрежи се шират невистини дека од неа се јавува аутизам кај малите деца кои уште не прозбореле. Лекарите го негираат ова укажувајќи дека ваквите информации ги шират лаици, а не стручни и меродавни лица.