Милошоски негативен и на вториот тест за ковид-19

Антонијо Милошоски на Фејсбук сподели информација дека е негативен на коронавирусот откако пристигнале резултатите и од вториот тест.

„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека следниве денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!“- напиша Милошоски на Фејсбук.