Милошоски: Мукоски беше терорист кој ја отвори вратата, а сега лапа тендери

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека пратеникот Крсто Мукоски до 2017 за пратениците од СДСМ бил терорист, но почнал да прима милионски тендери, откако помогнал да се отвори вратата кон НАТО и да не остане доследен на оние граѓани што го избраа.

„Беше терорист за Зекири, Ременски и многу други од СДСМ. Не знам дали сè уште го мислат тоа, но знам дека фирмата на фамилијата Мукоски која СДСМ ја обвиниваше за криминал доби тендери во вредност од 4 милиони евра. И сега Мукоски бил добил преговарач за зсконот за ЈО“, рече Милошоски, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, не му дозволи да пушти нова снимка.

Тој повтори дека власта брза да го донесе законот за ЈО за да го спаси лицето З. З. од одговорност за „Рекет“ притоа покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Рене, Зоки и Оли- Рекет“.

Милошоски обвини и за местење  избори посочувајќи дека братот на Заев, Вице Заев дал 35 лични карти на извесна Милевка од Радовиш за која рече дека им е колешка во парламентот.

„Имате таму 35 лични карти на луѓе од ромска националност, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш“, рече Милошоски читајќи го транскриптот.