„Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш“!

Разни видови на клетви се појавуваат уште во предисториските култури, а денес голем дел од клетвите се присобрани од фолклорните дејци како „народни умотворби“. Клетва според народното верување, иако вербална, претставувала тежок облики на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина.

Клетвите кај нашиот народ, а и на Балканот според науката постоеле отсекогаш. Некои се злобни и малициозни, а некои пејоративни и креативни, што е навистина тешко да се воздржиш, а да не се насмееш.

Старите клетви од бабите како „црна рана да те изеде“, „бел ден да не видиш“ или „пусто името да ти остане“ се веќе демоде. Младите генерации имаат модификувани верзии, кои се приспособени на модерното време во кое живееме.

Еве неколку македонски клетви:

Аптека менза ти станала

Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.

Да те фане клечавицата (пролив).

Мома да не те земе, да е ерген цел живот.

Бившиот дечко без пудра да те види!

Брзата помош такси да ти биде.

 Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.

 Да даде Господ, децата на мене да ти личат.

 Да му умре козата на комшијата.

Боже на оние што затвораат дуќани, затвори им ја куќата никогаш да не прогледаат. амин!

Да се заљубиш во лажен профил

Да доживееш спорот за името да се реши

Пет години да волонтираш, па друг по рамковен да вработат

Швалерката трудна да ти остане.

 Да отидеш во некој хотел кај што WiFi-то не дофаќа до вецето!

Да ти се удави детето во расолница.

Девојка ти во Фотошоп да ти се средува!

Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!

Ноќе да те буди мојот лик.

Оваа недела млада невестица, до недела млада удовица, догодина моја вереница.

Свекрва ти да живее 150 години.

Ти мене еднаш, тебе Бог сто пати, злото да му се врати.

Џебовите да ти се полни со пари, а да нема со што да ги извадиш.