Милиција со „тристаќ“ во акција, кое време беше ова?

Застава 1300/1500 е автомобил кој се произведувал во крагуевската фабрика за автомобили „Застава“. Овој автомобил кај народот е познат како Фиатка или Тристаќ.

Застава 1300 имал максимална брзина од околу 140 km/h и 155 km/h кај моделот 1500, што го правел еден од побрзите автомобили во СФРЈ. Таа негова моќност била препознаена од тогашната Милиција и долги години служел како милициско возило.