Милевски за земјотресите: Нема причина зошто да се бега од Охрид, тлото ќе се смири

Професорот на Природно-математичкиот факултет, Ивица Милевски ја смирува ситуацијата за земјотресите кои го зафатија Охрид.

Тој вели дека нема потреба да се крева паника поради земјотресите на подрачјето на Охрид, бидејќи се работи за умерени потреси.

„Беше акумулирана огромна енергија која на среќа е испуштена така што е распоредена низ воглавно слаби до умерени земјотреси, наместо неколку силни или еден многу силен (6-6.5М) кој би бил и многу по разорен“, напиша Милевски на Фејсбук.

„Очекуваме генерално намалување на зачестеноста и интензитетот на земјотресите.  За 22 дена се регистрирани преку 1 200 дополнителни потреси“, објаснува Милевски. Тој додава дека нема потреба луѓето да бегаат од Охрид.