Милевски ја доставил оставката до Владата

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата.

Оставката, како што посочуваат од Владата за новинската агенција МИА, ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира.

Министерот претходно истакна дека од лични причини ја напушта функцијата министер за локална самоуправа.