Миленикот на женската популација Саша Ковачевиќ доаѓа во Скопје

На огромно задоволство на женската популација, во Скопје на 19. март во спортската сала „Борис Трајковски“ конечно, голем солистички концерт ќе одржи мега-ѕвездата на балканските простори, познатиот шармер Саша Ковачевиќ.

Неговите многубројни хитови како „Рано је“, „Ноќ до подне“, „Случајно“, „Роѓендан“, се само мал дел од она што Саша го подготвува за скопската публика, која несомнено ќе биде во огромен број.

– Со нетрпение чекам да дојде 19. март и да си поминеме најдобро што може. Ветувам одлична забава на сите кои ќе дојдат. Од Македонија секогаш си заминувам со убави спомени, а се надевам исто така ќе биде и овој пат. Ве чекам да пееме сите во „Борис Трајковски“ на 19. март – вели Ковачевиќ.

Поради огромниот интерес за овој концерт,  предвреме се доставени билети на сите продажни места низ Македонија и тоа по промотивна цена од само 400 денари. Инаку оваа цена ќе важи до 15. јануари, па за тоа побрзајте и набавете влезници по промотивна цена.

Влезниците може да ги купите преку продажните места на „купикартизасе“, „Југотон“ и „Розе Веро 2“. Исто така ќе има и органзииран превоз од сите градови низ земјава.