Мила успешно оперирана во Кина, родителите со благодарност до сите кои помогнаа

Малата Мила пред два дена е успешно оперирана во Пекинг, Кина, каде таа ќе остане до крајот на месецов на рехабилитација.

– Драги хумани луѓе. Сакаме да Ве информираме дека помина УСПЕШНО третата операција на нашата ќеркичка Мила, која беше извршена на 18-ти септември 2019 година. Исто како и претходните две операции беше извршена стереотактичка интервенција со директно убризгавање на матични клетки на двете страни на мозокот. Моментално се рехабилитира и опоравува тука во Пекинг, Кина до крајот на месецот. Од името на целото семејство, сакаме да Ви се заблагодариме од срце, што ни помогнавте во најкраток можен период да заминеме во Кина и да и ја продолжиме насмевката на Мила за подобро утре, порачаа родителите на Мила.