Мила Релиќ од Гази Баба на Светско првенство во таекводно во Мексико - доби поддршка од Стефковски

Младата Мила Рељиќ, жител на општина Гази Баба овој викенд учествува на Светско првенство во таеквондо во Мексико.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, синоќа присуствуваше на нејзиниот подготвителен тренинг, пред таа да замине на пат кон Мексико. Стефковски ја потенцира гордоста на Општината за бројните успеси на Мила. Вети дека и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка на индивидуалните спортисти кои бележат домашни и меѓународни успеси.

-Мила Рељиќ годинава во август освои златен медал на Европското Клубско Првенство во сениорска конкуренција во Талин, Естонија. Мила годинава има освоени и златен медал од Г2 серијата натпревари во Израел, бронзен медал во Талин, Подгорица и Загреб. Има неколку победи остварено над врвни натпреварувачки на натпреварите во Франција, Шведска, Белгија, Австрија и Турција. Во моментов Мила е на високата 10 позиција на Официјалната Светска Таеквондо Ранкинг листа во сениорки -62кг. И посакуваме успех на Мила на Светското првенство - порача Стефковски.