Мика Антиќ: Рецепт за среќа

Необичен, но успешен рецепт за среќа на Мика Антиќ.

Земете 12 месеци, добро исчистете ги од горчина, себичност, страв.

Секој месец внимателно исецкајте ги на 30 или 31 ден, така што има доволно залихи за цела година.

Секој ден посебно исполнете го: 1/3 работа, 1/3 ведрина и 1/3 хумор. Додадете три лажици оптимизам, една лажица трпение, зрнце иронија и неколку зрнца такт.

Прелијте ја смесата обилно со љубов.

Украсете го целото јадење со внимание и сервирајте го секој ден, со задолжителна добрина и шолја одлично освежувачки чај.