Мика (Мирослав) Антиќ е еден од најпознатите поети и новинари од поранешна Југославија.
Photo by Liana Mikah on Unsplash
Тој е познат како голем боем, но и некој кој совршено можел да ги опише човековите искуства и емоции од тоа време.
Ова се неговите најпознати цитати.
„Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење. “
„Љубовта е како силата: Колку повеќе ја трошиш, толку повеќе ја имаш.“
„Некои работи можат многу подобро да се почувствуваат, отколку да се објаснат. Но, луѓето не го знаат тоа. Тие им веруваат на зборовите, тоа е проблемот. Треба повеќе да му се верува на своето срце, отколку на зборовите.“
„Ако сега не си ТИ, никогаш и нема да бидеш. Не е „сè во свое време“, туку - сè во твое време.“
„Со мене е опасно да се посакува нешто, јас никогаш не се откажувам.“
„Својата сила ќе ја препознаеш според тоа колку си во состојба да ја издржиш самотијата.“
„Научи да умееш да го живееш твојот живот, наместо тој да те живее тебе. “
„За мене најубаво се грижат оние коишто ме оставаат на мир.“
„Пред моќта стојам, пред мудроста треперам, на колена паѓам само пред љубовта.“
„Не знам со кого вие се дружите, но јас веќе неколку месеци, секогаш кога ќе седнам на некоја маса, слушам кукање. Се жалат луѓето за динарите, за цените, за пензиите, за ситуацијата тука или таму, за младите, за старите…. и кукаат. Се повеќе и повеќе ми станува подосадно да се гледам и да се среќавам. Па поубаво ми е да се затворам во својата соба…. да прелистам некоја чесна книга и уште малку да поверувам, ѓавол да го однесе, дека на светот има и убави работи… А ги има. Верувајте.“